За Преспав

ТВ серија „Преспав“ е забавен продукциски продукт со информативен и едукативен карактер, што во три сезони со вкупно 80 епизоди ги забавува гледачите на малите екрани. „Преспав“ се базира на семејната приказна на браќата Бузалевски, кои отвораат пансион во преспанскиот регион, благодарение на средствата добиени од ИПА фондови. Самиот пансион е метафора на реалните случувања (политички и општествени) во Република Македонија, во кои се прекршува балканскиот менталитет – од кои ликовите не можат да избегаат , а желбата да се почитуваат и да ги воспостават стандардите за кои ги добиле парите е присутна во нивното секојдневие. Ваквата ситуација ги става ликовите во постојан конфликт од кој произлегуваат  комични ситуации во кои ќе можат да се препознаат и самите гледачи.

Првите две сезони од ТВ серијата „Преспав“ се реализираа во продукција на ОХО, а со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во Р. Македонија.

Третата сезона, продуцирана во 2018 година е производ на копродукциска соработка на ОХО и Македонската Радио Телевизија, а се емитува на првиот канал на МТВ.

За пансионот Преспав:

Коста и Ула се брачен пар кои се одлучуваат семејната куќа да ја преадаптираат во пансион што ќе ја збогати туристичката понуда на преспанското крајбрежје. Братот на Коста, Тони успева да најде финансиски средства за да го отворат пансионот, додека Миле, најстариот брат Бузалевски, е противник на постоењето на пансион со прецизни правила и секогаш настојува да ја урне идејата за семеен бизнис од таков тип.

Во третата сезона, пансионот добива уште една нова газдарица, религиозната Бугарка – Преслава која како газдарица со најголем дел на сопственост, настојува да постави “нови правила на игра“ што според неа, ветуваат европска перспектива за Преспав.

Доволно комплицирани и комично поставени, односите помеѓу “играчите“, го прават животот во пансионот динамичен и непредвидлив. Со секоја следна епизода полека станува јасно дека Преспав не само што нема да стане европски пансион, туку се повеќе наликува на балканска биртија. 

 

  

Улоги

ТВ серија „Преспав“ е забавен продукциски продукт со информативнен и едукативен карактер, кои во две сезони со по 30 епизоди ќе ги забавува гледачите на малите екрани. „Преспав“ се базира на семејната приказна на браќата Бузалевски, кои отвораат пансион во преспанскиот регион, благодарение на средствата добиени од ИПА фондови. Самиот пансион е метафора на реалните случувања (политички и општествени) во Република Македонија, во кои се прекршуваат балканскиот менталитет – од кои ликовите не можат да избегаат и желбата да се почитуваат и да ги воспостават стандардите за кои ги добиле парите. Ваквата ситуација ги става ликовите во постојан конфликт од кој произлегуваат  комични ситуации во кои ќе можат да се препознаат и самите гледачи.

Continue reading “Улоги”

Сезони

Сезона01

Сезона02

Поддржувачи

  • ВИТАМИНКА
  • БОЖИНОВСКИ
  • ПУНКТ
  • AIR WICK / VILEDA / SEVENTEEN
  • ЕУРОЕКОПАК
  • СОЛОПРОМ
  • FASHION GROUP
  • DELUXE AQUATIC
  • FOJA CO
  • НИКИ
  • КИНЕЗИКА
  • LAKE VIEW HOTEL


Продукција

Продуцент
Пеце Талески
Оргинална идеја
Елеонора Венинова
Пеце Талески
Режисер на серијал
Игор Иванов
Режија на епизоди
Игор Иванов
Вардан Тозија
Елеонора Венинова
Даријан Пејовски
Сценарио
Елеонора Венинова
Сашо Кокаланов
Венко Андоновски
Димитар Банов

Continue reading “Продукција”